Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
По божиќните празници ќе следува нова цена на горивата во Македонија. Регулаторната Комисија за енергетика утре ќе ја донесе одлуката, две недели по последната мерка со која горивата поскапеа за половина денар по литар.
Малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 е 66,50 денари по литар, а малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 е 68,00 денари.
По последното зголемување на цената на дизелот од 1 јануари таа се зголемува за 3,5 денари поради воведувањето на повисоката акциза за нафтата. Така новата цена на Еуродизелот на 1 јануари изнесува 58,5 денари за литар.