Home Актуелно По повод денот на просветителите Свети Кирил и Методиј промовирана инклузивната сликовница „Буква по буква – азбука“

По повод денот на просветителите Свети Кирил и Методиј промовирана инклузивната сликовница „Буква по буква – азбука“

На денот кога се чествуваат сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј, беше промовирана инклузивната сликовница „Буква по буква – азбука“ од страна на Владата. Сликовницата е напишана на кирилично, брајово и знаковно писмо. На промоцијата се обратија премиерот Зоран Заев, авторката на сликовницата Гордана Симоновска- Момировска и авторот Горјан Петрески.

Поетесата за деца и млади, а воедно и авторка на инклузивната сликовница, „Буква по буква – азбука“ Гордана Симоновска- Момировска, истакна дека ова е втора инклузивна сликовница на која работи.

„Само кога би знаеле колку многу љубов, трпение, внимание, енергија, време и надеж за поддршка се вложени во овие страници. Тука на едно место, ќе ги запознаете сите три форми на азбуки со кои луѓето со и без попреченост комуницираат меѓусебе. Во случајов зборуваме за кириличната, брајовата и знаковната азбука. Брајовата и знаковната азбука испечатени се на крупен фонт за да се задоволи целосната читателска публика. Велат дека познавањето на туѓите јазици е вистинско богатство, но тогаш кога ќе умееме да ги препознаеме и формите на азбуките со кои што се општи, верувајте тогаш тоа богатство станува бесценето“, изјави Гордана Симоновска- Момировска.

Таа информираше дека македонската верзија на сликовницата „Буква по буква – азбука“ веќе од утре ќе биде достапна за читателската публика, а со секоја купена сликовница, ќе се донира за хуманитарните активности што ги спроведува здружението на граѓани „Различни, а еднакви“.

Дел од собраните средства ќе бидат донирани и во Сојузот за слепи лица од Велес, за да се набави машина за печатање на брајово писмо.

На промоцијата свој говор имаше и рецензентот на делото, авторот Горјан Петревски, кој истакна дека за прв пат глаголиво и григорливо се оживеани 31 буква од нашата азбука.

„Промовираме инклузивна сликовница чиј наслов „Буква по буква – азбука“ стои кирилична, брајова и знаковна и со самото тоа е своја на своето и го допира светот на „Различни, а еднакви“ кои со години како нејзин претседател го води хуманистката и поетеса Гордана Симоновска Момировска. Таа со сета своја хуманост светот го гледа со искрени очи за еднаквост и недискриминација“, истакна тој.

„За своја основна цел, со својот основен печат, сликовницата на кирилично видно и кирилично брајово писмо ќе биде пристапна и за лицата со оштетен вид да може само да им читаат на своите деца и своите внуци. Стиховите се поставени на чиста позадина, со крупен фонт, што го олеснува читањето и за слабовидните лица. Уште една дополнителна, а многу голема вредност на оваа сликовница е што децата, а и возрасните без пречки во видот, имаат можност покрај своето да го запознаат и брајовото писмо“, истакна премиерот.

Тој нагласи дека сликовницата е издадена како дел од проектот „Правото да читаш не е посебна потреба“, на здружението граѓани „Различни, а еднакви“, а е испечатена со поддршка на „Европа 92“ – Кочани и Сојузот на слепи лица – Велес.

„Посебна симболика претставува што промоцијата на оваа сликовница се одржува на Денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј, кои пред повеќе од 12 века спроведоа неколку мисии во Мала Азија и Европа, откако претходно ја создадоа глаголицата на која ја преведоа Библијата за да го шират словот Христово на јазик близок до словенските народи“, додаде Заев.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…