Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Поранешниот хашки затвореник и претседател на Алијансата за иднина на Косово е уапсен е во Франција по потерница од Србија, потврди неговото семејство за косовскиот весник Зери. Медиумите во Косово јавуваат дека Харадинај во моментов се наоѓа во притвор, а неговото апсење го потврди и портпаролот на партијата, Исмет Ахмери.
Властите во Франција ги известиле косовските институции за апсењето на Харадинај, пишуваат медиумите и додаваат дека нема официјална потврда од Министерството за правда. Рамуш Харадинај во јуни 2015 година беше уапсен во Словенија, исто така по потерница од Интерпол распишана од Србија. Србија го товари за убиства и тешки злосторства на Косово во текот на 1998 и 1999 година. Харадинај беше водач на ОВК и поранешен косовски премиер. Хашкиот суд го ослободи од обвиненијата за воени злосторства во 2012 година. Тогаш тој и неговите поранешни помошници Идриз Баљај и Лахи Брахимај беа пуштени на слобода.
Трибуналот изрече ослободителна пресуда по сите точки од обвинението кои се однесуваа на злосторства направени од 1 март до 30 септември 1998 година, во време кога тој беше командир на таканаречената оперативна зона Дукаџин (Метохија). Тоа беше второ ослободување на Харадинај од обвиненијата. Претходно, по завршувањето на судењето по обвинение за за направени злосторства на широкото подрачје на западно Косово, Харадинај и Биљај беа ослободени од сите обвиненија и пуштени на слобода, додека Брахимај беше осуден на шест години затвор. Во јуни 2015 кога беше уапсен во Словенија, Харадинај по само два дена беше пуштен и му беше вратен пасошот.
Властите во Белград поднесоа кривични пријави поради сомневања за извршени дела тероризам, здружување поради непријателски дејствувања, тероризам и убивање цивили.