По потекло Хрватка, живее во Њујорк, обожава национализам, ја инспирира Трамп


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Мартина Маркота според политичките ставови не се разликува многу од голем број Хрвати. По политичко убедување е загрижена десничарка, промовира национализам и традиционални вредности, а го обожава американскиот претседател Доналд Трамп.

Родителите од Мартина мигрирале во Њујорк каде што е родена таа, а кога пораснала, решила да се посвети на национализмот и промовирањето на десничарските вредности, т.е. да покаже „колку тоа може да биде cool“. За Доналд Трамп има само пофални зборови и потенцира дека тој е нејзина инспирација.

По занимање е уметница и се бави со уметнички перформанси, а од уметничките кругови често добива критики за нејзините политички ставови и тврди дека, поради промовирањето на национализам и десничарска идеологија, престанале професионално да ја ангажираат.

„Ме обележаа како нацист и после изборот престанаа да ме ангажираат во театрите“, вели Мартина која обожава да го вее американското знаме облечена во „пин-ап“ стил.

Поради недостаток на работни ангажмани во Њујорк, се пресели во Вашингтон каде сега работи во тимот The Rebel како новинарка, продуцентка и „професионален националист на социјалните мрежи“.