Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Новак Ѓоковиќ вчера го победи Стефанос Циципас и така стигна до 10-тата титула на Австралија Опен. Од денес Србинот и официјално повторно е број еден тенисер во светот, на лидерската позиција се врати по осум месеци.
Но, по победата против Циципас Ѓоковиќ не можел да слави како што посакувал затоа што имал долга ноќ.
Српскиот ас беше запрашан како поминал на прославата, а неговиот одговор низ насмевка гласеше.
„Со медиуми и допинг контрола. Во сместувањето се вратив во три часот наутро, беше навистина долга ноќ. Не можев да славам како што сакав. Очекувам тоа да се случи по враќањето во Европа“, изјави Ѓоковиќ кој утрово испрати порака и со пехарот во раце.
View this post on Instagram