По објавувањето на снимките од Лексус и Вован – Заев денес на средба со рускиот амбасадор


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Премиерот Зоран Заев денес ќе има средба со рускиот амбасадор во Македонија Сергеј Баздники.

Средбата Заев – Баздникин ќе се одржи денес, после два дена од објавување на снимките на телефонските разговори на руските комичари Вован (Владимир Кузњецов) и Лексус (Алексеј Столјаров) со македонскиот премиер. Од руската амбасада велат дека оваа средба била договорена уште минатата недела.

Во разговорите со лажниот Порошенко, Заев слободно зборуваше за обидите на Русија да се меша во внатрешните работи на Македонија, дека на Балканот има многу руски агенти, дека Русија се меша и во преговорите на Македонија со Грција пред потпишувањето на Преспанскиот договор, дека српскиот претседател Александар Вучиќ е близок со рускиот претседател Владимир Путин, дека во случајот на Косово Русија се обидува да наметне нова меѓународна практика на промена на границите и други политички сензитивни теми.

Освен ова, се очекува на денешната средба да се разговара и за унапредување на билатералните односи меѓу Македонија и Русија.