Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Полициската управа во Мемфис ја распушти специјалнаta единица „Скорпион“, чии припадници беа обвинети за убиството на Тајр Николс.
„Скорпион“ е единица чија задача била да ги надгледува улиците со цел да се врати мирот и безбедноста во соседството. Единицата ја сочинувале 50 полицајци, но откако петмина од нив до смрт претепаа 29-годишник, таа ќе биде распуштена.
Во соопштението до медиумите, полицијата вели дека во сечиј интерес е трајно да се деактивира таа единица.
Семејството на Николс ја поздрави одлуката. Преку адвокатот рекоа дека одлуката е соодветна за трагичната смрт на Тајр Николс и пристојна и праведна за сите граѓани на Мемфис.
Единицата е основана во октомври 2021 година со фокус на сериозни кривични дела, како што се кражби на автомобили и прекршоци поврзани со банди, но како што објавија американските медиуми, имало многу поплаки за нивното постапување.
They’re literally just passing him around between officers who want a swing… #TyreNichols pic.twitter.com/M0SIfNqIbO
— James Kozanitis (@JamKozy) January 28, 2023
Петте полицајци, Тадариус Бин, Деметриус Хејли, Дезмонд Милс Јуниор, Емит Мартин Трети и Џастин Смит, беа отпуштени минатата недела.
Тие беа приведени во четвртокот и секој од нив се соочува со обвиненија за убиство од втор степен, тежок напад и киднапирање.
Вчера беа објавени видеоснимки на кои се гледа како петмина полицајци крвнички го претепуваат 29-годишниот Тајр Николс, кој подоцна им подлегна на повредите. На една од снимките се забележува како Николс лежи на стомак, а полицајците прскаат со спреј во неговото лице. Друга снимка покажува како го шутираат додека тој во плач ја повикува својата мајка.
Видеата покажуваат агресивна ескалација на насилството насочено кон возач за кој полицијата првично рече дека бил запрен поради загрозување на сообраќајот. Шефот на полицијата подоцна изјави дека причината за застанувањето не е поткрепена со докази.
Во повеќе американски градови, вчера, се одржаа протести по јавното објавување на видео снимки на кои се гледа како пет полицајци го тепаат Тајр Николс. Демонстрантите кои маршираа низ центарот на Мемфис ја поздравија одлуката кога слушнаа дека единицата е распуштена.