Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
После неколкугодишна пауза, Македонија и Бугарија утре повторно заеднички ќе му оддадат почит на Гоце Делчев.
Замислен како гест кој треба да ги релаксира односите меѓу двете земји, на 150 годишнината од раѓањето на револуционерот во Скопје пристигнува делегација од Софија предводена од шефицата на бугарската дипломатија Теодора Генчовска.
Во отсуство на премиерот Ковачевски и министерот Османи кои се наоѓаат во Брисел, нив ќе ги пречека министерката за култура Ковачевска. Двете делегации во 13 часот ќе се упатат кон црквата Св.Спас, каде што ќе му оддадат почит на Делчев.
Утрешната програма предвидува и посебна владина делегација на чело со првиот вицепремиер Груби, која претпладне ќе го посети гробот на Делчев, а венец на вечното почивалиште во текот на денот ќе положи и претседателот Пендаровски.
Чествување ќе има и во Софија, каде што премиерот Кирил Петков во придружба на македонскиот в.д. амбасадор Владимир Крстевски ќе пололожат цвеќиња пред споменикот на Делчев во Борисовата градина во Софија.
Во пресрет на заедничкото чествување, состојбата во македонско – бугарските односи ја кометираше токму Петков, кој упати јасна порака до претседателот Радев во однос на последните несогласувања на тема Македонија.
Од она што досега го гледам, вели Петков во интервјуто за БНТ, имам причина да имам доверба во македонскиот премиер и во нашата желба да постигнеме добрососедство.