По назначувањето на Бочварски за министер, во Штип ќе мора да има вонредни локални избори


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


По кандидирањето на актуелниот штипски градоначалник Благој Бочварски за прв човек на министерството за транспорт и врски, во Штип, според Законот за локална самоуправа ќе се организираат вонредни избори. Во Законот децидно стои дека доколку на градоначалникот му престанал мандатот ако настапи случај на неспоивост за време на функцијата, член на Советот да го заменува градоначалникот до избор на нов, ако редовните локални избори треба да се одржат по повеќе од шест месеци.

– Веројатно е дека во Штип ќе треба да има предвремени локални избори. Кој момент ќе се случат, тоа треба да го одреди Владата и ресорното министерство според сите овие преписки кои што имаат точно определни рокови до кога треба да се донесат овие одлуки и колку може да трае мандатот на ВД градоначалникот- изјави Благој Бочварски, градоначалник на Штип.

До изборот на нов градоначалник функцијата се доверува на вршител на должност кој се избира од редовите на советниците со просто мнозинство.

– Мојата поддршка ќе ја има секој кој ќе биде на функцијата ВД градоначалник, со цел градот да продолжи да се движи напред, а од позиција на Министер за транспорт и врски и те како можам да му помогнам на градот Штип- додаде

Бочварски.

Актуелниот претседател на Советот не може да ја врши градоначалничката функција, а за да се кандидира за ВД, потребно е најпрвин да си даде оставка. Во тој случај бројот на советници ќе биде помал за еден, а власта и опозицијата би имале по 11 советници. Бочварски не можеше да прецизира колку би чинело организирањето на вонредни локални избори на ниво на општината, зашто тие податоци ги има ДИК.