Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Имотот се протега на околу 1.100 хектари во ридовите на Санта Барбара, а неодамна беше преименуван во Ранч на долината на платаните.
Бившиот имот на поп кралот Мајкл Џексон, ранчот Neverland, во Калифорнија, повторно е понуден на продажба за 67 милиони долари.
Новата цена за која е понуден е значително пониска од претходните 100 милиони долари за колку што се продаваше минатата година.
Покрај главната куќа од околу 1.000 квадратни метри, на имотот се наоѓа и објект со базен од повеќе од 300 квадрати, зграда со кино со 50 седишта, танцово студио, амбар, како и пожарникарска и железничка станица во стилот на Дизни.
Џексон го продаде ранчот пред својата смрт за 22,5 милиони долари.