Home Актуелно По кратко боледување почина музичарот Ферус Мустафов

По кратко боледување почина музичарот Ферус Мустафов

По кусо боледување, како последица од силен мозочен удар, на 72-годишна возраст синоќа почина легендарниот македонски кларинетист и саксофонист, Ферус Мустафов.

Ферус имаше мозочен удар на 26 април и од тогаш беше во болницата „8 Септември“.

На социјалните мрежи, пријателите и членови на семејството веќе почнаа да се простуваат од легендата на ромската песна.

Мустафов е роден на 20 декември 1950 година во Штип во ромско семејство на музичари. Тој имаше богата кариера со голем број настапи низ целиот свет и остави големо музичко наследство. Неговата професионална кариера започна на седумнаесетгодишна возраст, додека студирал виолина и кларинет во локална музичка академија.

Настапуваше во голем број земји во светот и снимил десетина албуми, главно со инструментални композиции.

Погребот ќе биде на гробиштата во неговиот роден град.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…