По кратко боледување почина Дарко Димовски – претседател на Сојузот на синдикати на Македонија


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


По кратко боледување, на 45-годишна возраст почина Дарко Димовски, претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), соопшти Синдикатот.

„Колегите, соработниците и работниците ќе го паметат како голем борец за работничките права кој остави длабок белег во синдикалното и работничкото движење на Македонија“, вели ССМ.

Димовски беше избран за претседател на ССМ во декември 2017, а претходно беше претседател на Синдикат на работниците од угостителството, туризмот, комунално- станбеното стопанство, занаетчиството и заштитните друштва (СУТКОЗ).

Погребот ќе биде утре, на 12 јуни, во 13 часот, а од 12 часот посмртните останки ќе бидат во капела на градските гробишта Бутел.