По констатирање на оставката од Богоевски еве кој ќе стане пратеник на негово место


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


По констатирањето на оставката на пратеникот Павле Богоевски, кој најави дека ја напушта неговата пратеничка функција, на неговото пратеничко место ќе дојде Александар Филиповски.

Инаку, Богоевски беше на петтото место на пратеничката листа на СДСМ на парламентарните избори на крајот на 2016 година во првата скопска изборна единица, која ја предводеше новоизбраниот претседател на државата Стево Пендаровски, по кого следуваа Реаната Дескоска, Дамјан Манчевски, Стефан Богоев итн.

Со оглед дека сите кандидати од оваа листа се или пратеници или веќе вршат функции во извршната и локалната власт, нов пратеник во рамки на парламентарното мнозинство треба да стане Филиповски, кој го заземаше 17-тото место во листата.