По кавга со родителите, малолетник нештата ги зел во свои раце – еве каде го нашле


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


12-годишно момче од Сиднеј немало многу разбирање за аргументите од своите родители кои му рекле дека не може да оди на одмор на Бали, па одлучило нештата да ги земе во свои раце и сосема сам заминал на уживанција на оваа егзотична дестинација.

После жолчна расправа со својата мајка, младиот Дру ја украл кредитната картичка од своите родители и наместо во школо, заминал на одмор од соништата во Индонезија.

Сигурно си го поставувате главното прашање – како успеал да го изведе сето тоа? Многу едноставно. Тајно ги спакувал своите работи кои му биле потребни за одморот, со помош на кредитната картичка си резервирал авионски билет за Денпасар (претходно „гуглајќи“ кои авионски компании дозволуваат 12-годишници да патуваат сами, без придружба), си резервирал соба на Бали и на заминување на своите родители им рекол: „Одам во школо. Чао!“

Наместо во школскиот автобус, Дру седнал во воз кој го одвел право до аеродромот во Сиднеј. Ги избегнал пултовите за чекирање, се пријавил онлајн, а единствената средба која ја имал со вработен во аеродромот и безбедносните служби била во Перт, каде се прекачил. Госпоѓата во пертскиот аеродром само ја интересирало дали момчето има 12 години.

„Им го покажав пасошот и школската легитимација за да им докажам дека сум средношколец“, изјави момчето за Current Affair, додавајќи дека одлучил да лета преку Перт бидејќи „било поповолно“.

„Се чувствував одлично. Отсекогаш сум сакал да заминам на ваква авантура“, додава итрецот Дру.

Штом стигнал на Бали, Дру се пријавил во All Seasons хотелот, на рецепција кажувајќи им дка ја чека сестрата која „само што не стигнала“.

И додека тој на Бали се развозувал со скутер и пиел пивца на плажа, кај него дома завладеала општа паника. Мајка му добила известување од школото дека момчето не се појавило на настава и автоматски настанала драма која траела цели четири дена. Кога полициските служби конечно дознале каде се наоѓа малолетното момче, мајка му го фатила првиот авион за Бали за да го собере назад.

„Тој едноставно го мрази зборот не. Шокирана сум, речиси паднав во несвест кога чув каде се наоѓа“, изјави неговата мајка за Current Affair, која во програма во живо изрази незадоволство од работата на безбедносните служби.

„Можете да ме обвините дека сум лоша мајка, но сите го занемаруваат прашањето како може еден клинец без поголеми проблеми и пречки да прелета неколку илјади километри“. вели таа.

Младиот Дру во ниту еден момент не изразил каење поради авантурата на неговиот живот, па не му пречи дури ни казната што му ја одреди неговата мајка.

„Отсега нема да смее да излезе надвор. И тоа ќе трае многу долго време. Па, ми ги украде сите пари“, изјави мајката.