По двонеделно трагање, исчезнатиот чичко Пепи пронајден мртов во Лепенец


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


По речиси двоседмично трагање по исчезнатиот чичко Пепи, кој боледуваше од Алцхајмерова болест, пронајден е мртов во водите на реката Лепенец близу село Бардовци – Скопје, пренесува „Слободен печат“.

Според неофицијалните информации, негов близок роднина го препознал по облеката во која бил облечен.

Од МВР соопштуваат дека е пронајдено машко тело во фаза на распаѓање во канал за наводнување на нивите во правец кон реката Лепенец, а информации за индентитетот и причините на смртта ќе има по завршување на обдукцијата.

На местото на настанот излегле полициски службеници од СВР Скопје, Јавен обвинител, лекар од Итна медицинска помош и лекар од судска медицина. Извршен бил увид, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.