Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Двете момчиња од Штип кои брутално тепаа 22-годишна девојка и се снимаа додека го прават тоа, па снимката ја објавија на социјалните мрежи, добија казна затвор од по две години и шест месеци за ова сторено дело.
Судијката од Основниот суд во Штип, Јулијана Неткова денеска им ја изрече пресудата, откако двајцата признаа вина и се извинија за чинот кој го направија.
Настанот се случил во јануари годинава, кога во влез на зграда, двајцата насилници брутално ја удираа младата, 22-годишна штипјанка. Снимката се појави на социјалните мрежи на почетокот од месецов, по што тие беа веднаш уапсени.