Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Ѕвездата на Барселона, Лео Меси повторно беше избран за „Играч на неделата“’ во Лигата на шампиони.
Меси одигра фантастичне меч во четвртфиналето против Манчестер Јунајтед каде постигна два гола во победата на Барселона.
Аргентинецот победи во конкуренција на Френки де Јонг и Матијас де Лихт од Ајакс, како и на Хјун Мин Сон од Тотенхем, кој беше најзаслужен за плсманот на „спарси“ во полуфиналето.
Majestic Messi scoops the prize 🥇#UCL #POTW @FTBSantander pic.twitter.com/L2qzAL39wg
— UEFA Champions League (@ChampionsLeague) April 19, 2019
Меси ја добива по четврти пат наградата оваа сезона, а ако се земе во предвид дека отсуствуваше на два меча (во групната фаза), практично има 50% успешност за оваа награда – четири пати во осум меча.
Воедно „Волшебниот“ од Росарио е носител и на најтрактивниот гол во оваа фаза во ЛШ во четвртфиналната фаза.
Messi masterclass = 1⃣⚽️#UCL #GOTW @NissanFootball pic.twitter.com/eCKAIWpE7S
— UEFA Champions League (@ChampionsLeague) April 19, 2019