Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Вчера вечер, по 40. пат, се одржа доделувањето на музичките „Брит награди“, на која третпат по ред водител беше комичарот Џејт Вајтхол.
Првата награда ја однесе раперот Стормзи, победувајќи ги Хари Стајлс, Луис Капалди и Дејв во категоријата за најдобар соло уметник.
Mabel opening at the #BritAwards2020 pic.twitter.com/VFh4hD45k4
— Mabel Now (@MabelLatest) February 18, 2020
Англиската пејачка Мејбел ги отвори „Брит наградите“ со својот живописен настап и песната „Don’t call me up“, а потоа ја однесе наградата за најдобра соло уметничка.
За најдобар млад уметник е прогласен Луис Капалди (23), кој на сцената се појави со шише пиво во рака.
Lewis Capaldi’s “speech” not censored #Brits2020 #LewisCapaldi pic.twitter.com/Iykm85fzZO
— vica 🦋 (@naranjo_vicalic) February 18, 2020
Младата музичка ѕвезда, 18-годишната Били Ајлиш, ја однесе наградата за најдобра интернационална музичарка, а воедно и за првпат имаше прилика во живо да ја изведе насловната нумера за новиот филм за тајниот агент Џејмс Бонд – „No time to die“.