По 4 часа дебата утврден дневниот ред: Законот за двојазичност осма точка!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


По речиси четири часа јалова дебата мнозинството со 62 гласа го утврди дневниот ред.

Законот за употреба на јазиците со кој Македонија станува двојазична држава е осма точка и за него се поднесени 35.569 амандмани од кои 33.000 само за казнените одредби во законот. Пратениците од опозицијата бараат да се повлече законот за употреба на јазиците или дополнително да се премести точката.

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, кој беше познат по тоа што читаше романи, додека ДУИ го блокираше Парламентот при носењето на Законот за бранителите, им порача дека постатапува согласно деловникот и дека намерата на власта не е да го злоупотреби собранието. Точката за избор на потпреседатели којашто предизвика револт кај ВМРО-ДПМНЕ е тргната од дневен ред.