Home Спорт По 373 натпревари, Адеми го напушта Динамо Загреб – Ливаковиќ го испрати со порака: „Ако не ги разбираш таму што зборуваат, врати се“

По 373 натпревари, Адеми го напушта Динамо Загреб – Ливаковиќ го испрати со порака: „Ако не ги разбираш таму што зборуваат, врати се“

Македонскиот репрезентативец, Аријан Адеми го одигра последниот натпревар во дресот на Динамо Загреб од каде што си заминува по 373 одиграни натпревари.

Адеми во Динамо помина 13 години во кои стана најтрофеен играч во историјата на клубот, играч со најмногу европски натпревар и втор по вкупниот број одиграни натпревари. Вчера навивачите го испратија со спектакуларна кореографија, а пораки по дуелот со Ријека кој го одлучи голот на Стефан Ристовски испраќаа и неговите соиграчи.

Помеѓу испратените пораки се истакна онаа на голманот Доминик Ливаковиќ.

„Капетане, тежок натпревар е зад нас. Емоциите се силни, но кога ќе ја видиме кореографијата уште еднаш станува јасно колку значиш на соиграчите и сите навивачи. Заедно ја делевме соблекувалната и постигнувавме историски резултати. Беше наш лидер и биди горд и исполнет после сè, затоа што си најголем, затоа што си Динамо!“

„И брате, ако не ги разбираш таму што зборуваат, врати се назад. Знаеш дека вратите на клубот никогаш не се затворено. Среќно пријателе и благодарам за се! Секогаш ќе имаш посебно место во срцето на навивачите, како и во моето, твојот најголем навивач“, гласи пораката на голманот кој блесакше на голот на Хрватска на Мундијалот во Катар.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…