По 20 години конечно лидерски ТВ дуел: Мицкоски VS. Заев утре на МТВ


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Утревечер, со почеток во 20 часот, на Македонската телевизија, лидерите на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев и Христијан Мицкоски, ќе излезат на дуел. Ова ќе биде прв лидерски дуел на власта и опозицијата во Македонија по повеќе од две децении.

ТВ дуелот во минатата недела го побара лидерот на опозициската партија, Заев прифати, а за организатор беа пријавени три телевизии.

Заев и Мицкоски во ТВ дуелот, под работен наслов „Една година власт, една година опозиција“, ќе се соочат за повеќе актуелни теми – од преговорите за името, надворешната и внатрешната политика, економијата, реформите, долговите и други општествени и политички прашања.