Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Во сојузната американска држава Арканзас прв пат по 12 години е егзекуиран затвореник осуден на смртна казна поради убиства кои ги извршил во 1993 година.Затвореникот Ледел Ли прогласен е за мртов вчера во 11 часот и 56 минути по локално време.
Државата Арканзас закажала егзекутирање на осум затвореници до крајот на април, кога ќе се потроши залихата на неопходната дрога за смртоносната инјекција. Првите три егзекуции беа спречени поради судска одлука. Уште двајца затвореника ќе бидат погубени во понеделник. Поради егзекуциите, пред куќата на гувернерот на Арканзас, се собраа десетина противници на смртната казна.