По 10 години молк, телохранителот на Мајкл Џексон раскажува за последните години на пејачот


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Откако поминаа повеќе од 10 години од смртта на кралот на поп музиката, Мајкл Џексон, неговиот бивш телохранител Мет Фидс, после еднодецениски молк, реши да проговори за последните години од животот на славниот пејач. Фидс тврди дека обвиненијата за педофилија биле катализатор за прераната смрт на Џексон.

Мет Фидс, кој работел како член на обезбедувањето на Мајкл од 1999-та година па сè до смртта во 2009-та година, ги раскажал последните години од животот на овој музичар, откривајќи дека тој “повеќе никогаш не бил ист“ откако во 2005-та година го завршил судењето.

За потсетување, судењето се извршило откако момчето Гавина Арвеза го обвинил Мајкл Џексон дека сексуално го злоставувал во текот на 2003-та година. Сепак, по пет месеци од судскиот процес Мајкл бил ослободен од обвинението.

Новиот документарец „Michael Jackson: Chasing The Truth“ кој претставува контра на филмот „Leaving Neverland“ и има за цел да го одбрани музичарот, Фидс повторно застанал во одбрана на поранешниот пејач.

„Беше јасно дека по пресудата тој никогаш нема да може да биде стариот Мајкл Џексон“ – изјавил.

„До својот суден ден тој изгледаше како мртов човек кој што оди. Се бореше и да јаде и да спие и беше во целосен хаос“ – продолжил и додал деа во текот на судењето пејачот изгубил и огромен број килограми.

Мет исто така кажал дека пејачот станал ненормално параноичен и дека непрекинато верувал дека „некој ќе го фати“ и дека сите се свртиле против него и дека тогашната турнеја по Велика Британија го однела директно во смртта.

„Беше преплашен од убиства на сцена и постојано даваше глупави предлози за носење на елек кој не може да биде пробиен во текот на настапот. Разговарвме со него и му објаснувавме дека јавноста го сака и дека нема да има некој проблем. Му кажав дека сум тука за него и дека секогаш ќе се грижам за неговата сигурност“ – се присетил Мет.

Додал и дека верува во тоа што Мајкл Џексон денес би бил жив доколку пред смртта успееше да воспостави контакт со озлогласениот татко Џо.