„Плус-сајз“ манекенката рекреираше поза од Ким Кардашијан – резултатот е фасцинантен


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


21-годишната „плус-сајз“ манекенка Дајана Сирокаи од Грин Лејнс, на северот од Лондон, одлучи да покаже дека и жените со вишок килограми можат да бидат секси и атрактивни во стилот на Ким Кардашијан.

Облечена во тесен бел едноделен костим за капење, каков што на својата фотосесија носеше Ким, таа ги рекреираше нејзините пози и се фотографираше во ист стил.

Таа сакаше да им докаже на припадничките од пошироката женска публика дека сите, без разлика на формата на телото, се еднакво убави и секси. Фотографијата досега собра десетици илјади допаѓања.

Дајана често објавува фотографии на кои позира во долна облека, а за себе вели дека е вљубеничка во модата и дека се бори за зајакнување на жената. Открива дека денес модните агенти ја сакаат во нивните агенции, но дека порадно доживувала злоупотреби поради својата физичка големина.