Плус и минус: Алкохолот срцевите заболувања – еве која и каква е поврзаноста


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Неодамнешното истражување во кое учествуваа 1,9 милиони здрави, возрасни Британци покажа дека едно пиво или чаша црно вино дневно може да помогне како превенција за кардиоваскуларните заболувања.

Имено, научниците утврдиле дека лицата кои пијат по седум пива (од половина литар) на неделно ниво или седум чаши (од по 175 милилитри) црно вино неделно, имаат помал ризик од инфаркт, од оние кои воопшто не пијат алкохол.

Од друга страна, лицата кои пијат во текот на една недела поголема количина на алкохол го зголемуваат ризикот за заболување од кардиоваскуларни болести.

Авторите на студијата напоменуваат дека добиените резултати не значат дека сите треба да консумираме алкохол, туку дека постојат и побезбедни и поефикасни начини за намалувањето на ризикот од срцеви заболувања како на пример зголемена физичка активност, здрава храна и друго.