Плоча со 10-те божји заповеди стара 1.500 години продадена за 850.000 долари


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Камена плоча стара 1.500 години со најстариот издлабен текст на Десетте божји заповеди во средата беше продадена на аукција за 850.000 долари.

Четвртастата плочка во бел мермер висока 61 сантиметар и тешка 50 килограми ја купи анонимен купувач на наддавањето кое се одржа во Беверли Хилс.

Досега беше сопственост на рабинот Шаул Дојч, основач на еврејските музеи во Бруклин и Њујорк, кој од новиот сопственик побара да мора задолжително јавно да ја изложи, беше објавено од аукциската куќа. На плочата, во дваесет реда, со самариќанско писмо се испишани клучните начела на јудаизмот и христијанството.

17-11-ploca-zapovedi

Се претпоставува дека настанала во рановизантискиот период, помеѓу 300 и 500 година после Христос, како и дека некогаш се наоѓала на влезот од синагога која веројатно била уништена од Римјаните. Плочата беше откриена во 1913 година, при изградба на железничка пруга кај израелскиот град Јавнех.

Некој од градежните работници ја пронашол, ја зел и ја поставил во својот двор, каде стоела до 1943 година, кога стигнала во рацете на археолог кој ја поседувал до својата смрт во 2000 година.

Дојч плочата најпрвин ја позајмил на израелската археолошка управа за изложбени потреби, а потоа ја купил истата.