Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
На меѓународниот пливачки митинг „13 Ноември“ кој се одржа изминатиот викенд на базенот „Борис Трајковски“ во организација на Пливачкиот клуб „Бета Шаркс“ од Скопје соборени се 13 државни рекорди на Македонија во 25м базени.
Пливачката Миа Крстевска од ПВК Орион постави апсолутен рекорд во дисциплината 200м грбно со време од 2.14.53, додека Миа Блажевска Еминова постави неверојатни 11 рекорди.
Кадетски рекорд на 50м делфин – 28:51
Кадетски и младински рекорд на 100м слободно – 57:60
Кадетски и младински рекорд на 50м слободно 26:49
Кадетски, младински и апсолутен рекорд на 50м грбно – 29:91
Кадетски, младински и апсолутен рекорд на 100м мешано – 1:05:22
Пливачката на ПК Аква Про од Скопје, Ева Петровска постави нов Младински рекорд во дисциплината 200м делфин со време 2:20:23.