Home Живот и здравје Плишано мече кое проверува колкав е квалитетот на воздухот кој го дишеме

Плишано мече кое проверува колкав е квалитетот на воздухот кој го дишеме

И играчките може да имаат придонес во човековото здравје. 

Плишаното мече кое покрај што ќе биде сладок украс на полицата, има и супер функција која звучи одлично. Креирано е од компанијата Филтрет за да ја подигне свеста за квалитетот на воздухот во просторијата во која поминуваме многу време.

Мече со интересна улога

Во оваа играчка има вградено сензор во делот од носот, кој го порепознава загадениот воздух. Откако сензорот ќе забележи загаден воздух, градите на мечето стануваат црвени, додека кога се е во ред тие се со плава боја. Ова е многу интересен начин за проверување на квалитетот на воздухот.

Филтрет е бренд кој се занимава со производство на филтри за прочистување на воздухот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Најдобри народни лекови против пролетни алергии

Најдобрите домашни лекови за пролетни алергии Пролетта е прекрасно годишно време кое ни но…