Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Преку СМС порака, пратениците во македонското Собрание денеска биле информирани дека седницата на чиј дневен ред ќе биде Информацијата за содржината на предлог-преговарачката рамка ќе се одржи во четврток во 13 часот.
Од Кабинетот на претседателот на Собранието се уште немаат излезено со официјална информација за седницата.
Владата според барањата од вчерашната координација во Собранието, попладнево достави до Собранието дополнување на Информацијата за содржината на Предлог-преговарачката рамка за пристапните преговори на Република Северна Македонија со Европската Унија, предложена од страна на Претседателството на Франција на 30 јуни 2022 година, соопшти собраниската прес-служба.
Документите, како што посочуваат од Собрание, се доставени до сите пратеници.