Плејбој зајачицата признава за врската со Трамп: „Ми зборуваше дека сум убава како неговата Иванка“


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Пореншната зајачица Карен Мекдугал детално ја опиша наводната врска со американскиот претседател Доналд Трамп и откри некои детали кои ја згрозија јавноста.

„Откако имавме интимен однос, се обиде да ми плати и не знаев како да го примам тоа“, вели Мекдугал за нивната наводна прва сексуална средба.

Таа додава дека како реакција на понудените пари му рекла „Не сум таков тип на девојка“.

Мекдугал во специјалното интервју за CNN вели дека имала афера со сегашниот претседател на САД пред повеќе од една деценија. Таа зборува за емотивните последици и за причините зошто има поднесено тужба за правата на нејзината приказна.

A post shared by Ivanka Trump (@ivankatrump) on

Поранешната зајачица тврди дека имала врска со Трамп во периодот по раѓањето на неговиот син Барон со првата дама Меланија Трамп и дека таа сама решила да ја прекине врската.

Во врска со Меланија, Мекдугал изрази каење и ѝ се извини на првата дама.

„Што можам да кажам освен ‘извини’? Навистина ми е жал. Не би сакала некој мене тоа да ми го направи.“

Белата куќа соопшти дека претседателот ги негира тврдењата за наводната афера, а портпаролката на првата дама немаше коментар за ситуацијата.

Погледнете го целото интервју со Карен Мекдугал: