Славни

Плејбој зајачица и мигрантка ќе ја претставува антимигрантската партија во Канада

Плејбој зајачицата и мигрантка во Канада, на претстојните избори во Торонто ќе ја претставува популистичката десничарска партија People’s Party of Canada (PPC), чиј претседател Максим Берние не е баш некој симпатизер на мигрантите.

35-годишната Аниа Кросинска, за својата армија обожаватели попозната како Чарли Рина, на изборите во Канада следната недела ќе ги бара гласовите од избирачите во изборната единица на запад од Торонто.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by charlie riina 🇨🇦🇵🇱 Ania (@charlieriina) on

Откако освои повеќе награди како шахистка, русокосата манекенка, родум по потекло од Гливице, јужна Полска, се пресели во Канада студирајќи криминологија и форензика на Универзитетот во Торонто.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by charlie riina 🇨🇦🇵🇱 Ania (@charlieriina) on

Во интервју за Плејбој истакна дека е горда на своето полско потекло и дека ја негува полската традиција. „Во секој случај, поголемиот дел од моето семејство и денес живее во Полска“, додаде таа.

Покрај манекенската кариера, Рина беше избрана и за Мис Хаваи и Мис Торонто, пред да ги краси насловните страници од Плејбој и голем број други списанија за мажи. Се опишува како активистка и филантропка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by charlie riina 🇨🇦🇵🇱 Ania (@charlieriina) on

На Инстаграм ја следат над 650.000 луѓе. „Одиме да направиме промена и да гласаме за РРС“, напиша неодамна на својот профил на оваа социјална платформа. „Да, јас сум манекенка, но исто така сум и мајка, активистка и мигрантка од Полска и Германија и доселеничка во Канада“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by charlie riina 🇨🇦🇵🇱 Ania (@charlieriina) on

Ова не е нејзин прв обид во политиката. Медиумите пренесуваат дека во 2016 година му дала поддршка на Trillium Party, десничарско популистичко движење.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by charlie riina 🇨🇦🇵🇱 Ania (@charlieriina) on

Основана минатата година, РРС има околу 40.000 членови. Моментално, според анкетните прогнози, би освоила 3,1 отсто од гласовите на изборите закажани за 21 октомври.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by charlie riina 🇨🇦🇵🇱 Ania (@charlieriina) on

 

View this post on Instagram

 

A post shared by charlie riina 🇨🇦🇵🇱 Ania (@charlieriina) on

Advertisements
To Top