Платно од Моне постави нов рекорд за најскапо уметничко дело од импресионизмот


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Уметничкото дело кое е дел од неколкуте од прославената серија слики на Клод Моне под насловот „Стогови сено“ во вторникот беше продадено на аукција организирана од аукциската куќа Sotheby’s за вртоглави 110,7 милиони долари, со што постави нов рекорд за најскапо уметничко дело од импресионизмот.

Седум понудувачи наддавале цели осум минути пред да биде постигната конечната цена, соопшти аукциската куќа која не го објавува името на новиот сопственик на уметничкото дело.

Маслото на платно насловено „Meules“ (Стог) довршено во 1890 година воедно е и првото импресионистичко дело кој постигнало цена поголема од 100 милиони долари на наддавање, соопшти Sotheby’s. Постигнатата цена, исто така, е рекордна кога станува збор за некое дело на Моне, кој го втемелил францускиот импресионизам, а починал во 1936 година на 86-годишна возраст.

„Meules“ е една од 25 слики во серијата коишто претставуваат стогови од жнеана пченица која припаѓала на сосед на Моне во Живерни во Франција. Вкупно уметникот, откако купил куќа во ова место, создал 30 вакви дела.

Во најавата Sotheby’s објави дека сликата ја купиле богати членови на високиот општествен сталеж во Чикаго во 1890-те години и останала во тоа семејство сѐ додека на аукција во 1986 година ја купиле сегашните продавачи за 2,53 милиони долари.

Оваа продажба, исто така, го урна рекородот за цената што ја постигнала слика од серијата „Стогови сено“ на Моне, која беше продадена на аукција на Christie’s во ноември 2016 година за 81,4 милиони долари, а дотогаш рекордна беше сумата од 80,4 милиони долари за дело на славниот импресионист.

Продажбата на 55 импресионистички слики и дела од модерната уметност во вторникот достигнала малку под 350 милиони долари, а следното според висината на цената е слика на Пабло Пикасо која е продадена за 20,7 милиони долари.