Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Според статистиката за просечни плати во земјите кои беа дел од бивша Југославија, регионов е прилично далеку од европскиот стандард и развиеност.
Радио слободна Европа направии графика која прикажува колкави беа просечните плати во земјите од нашиот регион вo 2018. Меѓутоа, на графичкиот приказ ја нема Словенија.
На листата на прво место е Хрватска со просечна плата од 842 евра. Следува Црна Гора со 511 евра, а на трето место е Босна и Херцеговина со просечна плата од 454 евра. Просечната плата во Косово изнесува 442 евра, што е за 22 евра повеќе отколку во Србија.
На последното место на наведените земји се наоѓа Македонија, каде што просечната плата изнесува 395 евра, што е повеќе од два пати помалку отколку во Хрватска.
Просечната нето плата во август минатата година во Словенија била 1.028 евра.