Платите и менталитетот причина сите да се „тепаат“ за вработување во администрација


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Разликата меѓу просечната плата во администрација и просечната плата на државно ниво е 3.700 денари во корист на административците. Познавачите на пазарот и труд и експертите едногласни, платите се една од главните причини зошто е „тепачката“ за вработување во јавниот сектор.

Анализата на економскиот институт за истражувања Фајнанс тинг покажуваат дека просекот во енергетскиот сектор надминува 37.000 што е над 200 евра па дури и 300 евра повеќе од просечната плата во образованието, културата и социјалата.

„Понатамошната анализа на платите покажува дека 30% вработените во енергетика, информатички технологии и финансии заработуваат над 40.000 денари. Затоа се бараат вработувања прво во администрација, а потоа и точно во овие сектори“, вели Благица Петрески, екеномски аналитичар во Фајнанс Тинг.

Поголемите плати во јавниот сектор во Македонија не се одраз на состојбата во реалниот сектор. Стопанството долги години е во криза и не создава толку колку што администрацијата троши. Ова, според познавачите, не е одлика на земјите од ЕУ и НАТО кон кои тежнее земјава.

„Само 5 земји во светот имаат една ваква нелогично каде тие што го создаваат БДП имаат помали плати од тие што го трошат БДП“, вели Раде Ненадиќ, Агенција за посредување при вработување.

Очекувањата на власта е дека влезот во НАТО, евроинтеграцијата треба да донесат многу повеќе инвеститори. Големи и силни компании кои ќе вработуваат за плати поголеми од сегашните. Сепак, експертите се категорични, вработувањата млади, стручни луѓе по партиски клуч во јавнот сектор е на некој начин кражба на потенцијалните работници во стопанството.

„Нема работници. Средните стручни училишта се празни. Мерките за преквалификација и доквалификација не даваат резултати. Кога ќе се додадат и ниските плати во стопанството јасно е дека состојбата нема да се подобри“, вели Ненадиќ.

Сепак, не е само поголемата плата мотив за младите и стручни кадри да сакаат да се вдомат во администрацијата. Има нешто и во макеоднскиот менталитет според кој само работа на „државно“ е вистинска работа.

„Постои убедување дека работата во јавниот сектор носи долгорочна стабилност, како и почитување на работничките права. Иако тие се почитуваат и во голем број приватни фирми, сепак постои тој стеротип дека јавниот сектор е долгорочно постабилен“, објаснува Петрески.

Во изминатиот период јавноста е бомбардирана од информации дека функционери од власта си ги вратиле децата, брачните партнери, блиски роднини во добросточеки компании од јавниот сектор. По негодувањата кај граѓаните, на барање на премиерот Заев сите роднински вработувања можно е да бидат повлечени.

Извор: Сител