Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Легендата на францускиот фудбал и бивши претседател на УЕФА, Мишел Платини нема дилеми за тоа кој треба да ја освои „Златната топка“.
Платини смета дека тоа треба да биде Рафаел Варан од Реал Мадрид, а објасни и зошто.
„Се надевам дека Французин ќе ја освои „Златната топка“. Мене не ми е тешко да посочам кој ја заслужува најмногу оваа награда. Тоа е Рафаел Варан бидејќи тој е единствениот кој ја освои и Лигата на шампиони и светското првенство. Варан е фантастичен играч со неверојатни достигнувања. Се останато е субјективно“, изјави Платини.
Michel Platini vote Raphaël Varane pour le Ballon d'or https://t.co/sMpTyS7ciB pic.twitter.com/OWKdoqjal6
— L'ÉQUIPE (@lequipe) October 30, 2018
25-годишниот Варан е меѓу 30-те номинирани за „Златната топка“ и доколку ја освои ќе стане вториот дефанзивец после Фабио Канаваро кој ја добил престижната награда.
https://youtu.be/AlaVmq-flwQ