Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Бившиот претседател на УЕФА, Мишел Платини за француските медиуми говореше за односот с Сеп Блатер и за неговата вмешаност во корупцискиот скандал.
Етичката комисија на ФИФА ги суспендира Платини и Блатер поради сумнителна трансакција од два милиони евра од сметката на ФИФА на сметката на УЕФА.
На Платини во 2011 година таа сума му била исплатена за консултански услуги направени една деценија порано, што предизвика сомнение дека се работи за корупциски скандал.
„Блатер само се обидуваше да ја спаси својата кожа и не бранеше никого за време на процесот. Никогаш не застана во моја одбрана, тој е најсебичната личност која сум ја запознал во животот“, изјави Платини.
„Тој е најголемиот егоист кој сум го видел, мислеше дека ќе остане до крај и ќе биде погребан во ФИФА, тоа беше неговата желба. Секогаш велеше дека мојот „скалп“ ќе му биде последен, беше концентриран да го направи тоа се до самиот крај“, посочува легендарниот француски фудбалер