Платил казна со службени пари: Кривична за директорот на струмичкиот Здравствен дом


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Струмичката полиција поднесе кривична пријава против В.Ч. (57) од Струмица, директор во ЈЗУ Здравствен Дом Струмица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривичнo делo злоуопотреба на службена положба и овластување.

Од страна на Државниот пазарен инспекторат било изготвено решение и прекршочен платен налог, со кој за сторен прекршок биле казнети правното лице ЈЗУ Здравствен дом Струмица со казна во износ од 46.125 денари и управителот на правното лице, односно Директорот со глоба во износ од 13.838 денари.

Пријавениот ја злоупотребил неговата службена положба и овластување со тоа што казната во износ од 13.838 денари која се однесувала за него како одговорно лице ја платил од касата на правното лице, соопштија од полицијата.