Плати и заработувачка во Германија – еве кои професии се најплатени


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Според статистичките податоци, во 2019 година Германците заработуваа во просек речиси 4,000 евра месечно бруто. Дополнително, оваа финансиска статистика донесува информации за тоа какви се платите во различни сектори и кои професии најмногу заработуваат во економски најмоќната европска држава, пренесува Дојче Веле.

Просечниот месечен приход на еден германски граѓанин во текот на 2019 година бил 3.994 евра бруто, пред да се одземат даноците, здравственото осигурување, осигурување од невработеност, социјалниот данок и други давачки. Од тоа произлегува дека просечниот годишен бруто приход во Германија изнесувал близу 48.000 евра. Не треба да се заборави дека многу работодавачи исплаќаат и дополнителни бонуси – божикни или летни додатоци. За споредба, во 2010 година, просечниот месечен бруто приход беше нешто над 3.200 евра.

Минатата година просечната плата на жените беше околу 20% помала од онаа на мажите. Во целина, платите се зголемија повеќе во 2019 година отколку во претходните две години. Сепак, според експертите, овој нагорен тренд ќе заврши годинава заради кризата со коронавирусот. Покрај корпоративните банкротства и растечката невработеност, и приходите на Германците ќе се намалат, а тоа ќе влијае на пензиите, чиј раст оди заедно со растот на бруто-платите.
Во зависност од индустријата, разликите во платите во Германија се доста големи.

Во секторите банкарство и осигурување, информатика и комуникации, како и енергетика, просечната месечна плата е во опсег од 5,137 евра до 5,393 евра бруто. Уште подобри пари се заработуваат во производството на нафта и сродните активности, каде просечните плати се помеѓу 6.000 и 7.000 евра пред оданочување. Приходите се многу пониски во хотелската и ресторанската индустрија, каде просечно се заработуваат 2,451 евра бруто месечно. Не се многу подобри ни оние што се занимаваат со посредување при вработување. Во овој сегмент се заработува просечно 2.460 евра бруто.

Многумина не работат во канцеларија, но доколку работите во Германија, канцеларија се вика „Büro“. Се разбира, од биро до бирократија нема голема разлика и многу канцеларии во Германија го исполнуваат стереотипот со тоа што ги ставаат работите во кутии, наместо да размислуваат надвор од нив. Ова може да доведе до многу „Amtsschimmel“ што во буквален превод значи канцелариска мувла.

Висината на платата зависи и од компанија која вработува. Поголемите компании обично плаќаат повеќе. Покрај тоа, приходот зависи и од специјализираното знаење – на пример во областа на информатичката технологија, но и од одговорностите што ги презема работникот. Универзитетската диплома вообичаено е фактор што фаворизира поголеми приходи, но има и исклучоци. Во Германија има и луѓе без високо образование кои заработуваат многу добро. Во повеќето случаи, тие поминале двојна обука во рок од две или три години. Еве ги позициите каде можете добро да заработите и без високо образование:

Регионален шеф на синџир на продавници може да достигне годишна плата од 73,000 пред даноци. Вработени во продажба во фармацевтската индустрија заработуваат над 68.000 евра бруто годишно. И во ИТ секторот, многу луѓе без високо образование заработуваат добро. Како и даночните советници – околу 60,000 бруто годишно.

На врвот сепак се оние со високо образование во специфични бранши. На прво место лекарите. Главен лекар заработува над 117,000 евра бруто годишно – речиси 10,000 евра месечно. Над 80,000 евра годишно заработуваат менаџерите во фондовите, како и лекарите- специјалисти. Помеѓу 5,000 и 7,000 евра бруто месечно можете да заработите во овие професии: патентно инженерство, банкарски консалтинг, правни советници, информатика со раководни должности. Сојузниот завод за статистика исто така пресмета какви материјални и финансиски резерви имаат жителите на Германија. Во 2018 година, едно домаќинство во Западна Германија имало вкупни материјални резерви во просек од околу 180,000 евра, а во Источна Германија – околу 88.000 евра.