Платете си радиодифузна такса пред УЈП присилно да почне да ви наплаќа


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Управата за јавни приходи ќе почне со присилна наплата на радиодифузна такса за сите оние кои не ги подмириле своите долгови. 

УЈП на  повеќе од 47.000 обврзници  веќе им доставила решенија за присилна наплата за неплатени сметки за радиодифузна такса. Станува збор за корисници кои имаат долгови над 571 денари, односно не платиле повеќе месеци за МРТВ.  Подготвени се илјадници решенија за присилна наплата на РДТ. Долгот по овој основ достигнува 450.000 евра.

За фирмите се проверува колку од нив откако добиле решенија ги подмириле долговите.

На почетокот на месецот, УЈП на својот сајт објави листа на должници за РДТ.