Платен е колку провизијата за Погба, а веќе е ѕвезда на „Етихад“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Илкај Гундоган не пристигна како спектакуларно засилување во Сити, а многумина беа скептични после тешката повреда која ја имаше во Борусија Дортмунд.

Сепак, германскиот репрезентативец во целост ја оправда довербата на Пеп Гвардиола, па во последно време му се оддолжува со фантастични партии.

Така беше и синоќа кога Гундоган со своите два гола ја сруши големата Барселона и стана херој на навивачите од „Етихад“.

Гундоган од почетокот на сезоната има постигнато 5 погодоци, а интересно е дека во Германија за пет години постигна само 10 гола, што значи Гвардиола го унапредил тој сегмент во неговата игра.

Сега станува интересна ситуацијата во самиот град Манчестер, каде Пол Погба се врати на голема врата како најскапо засилување во историјата на фудбалот, но до сега не ги оправда очекувањата.

Интересно е дека Гундоган го чинеше Сити колку што беше платена провизијата за Погба. Имено, менаџерот на Погба само како провизија зеде 27 милиони евра, а исто толку „граѓаните“ платија за Германецот.