Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Маринaлeда, сместен на југот на Шпанија, е андалузиски град кој брои околу 2.700 жители и е познат по тоа што претставува реален пример на заедница која живее во социјализам (најблиску до буквалната смисла на зборот и блиску до комунизам).
Тие се луѓе кои не се плашат да го изразат својот политички став и уверувања. Наместо блескави реклами и брендови, таму плени уличната уметност во облик на графити и муралите со пораки за поддршка на земјите како Куба и Венецуела.
Улиците ги носат имињата на уметници како што се Федерико Гарсија Лорка и Пабло Неруда.
Додека остатокот од Шпанија се бори против домашната олигархија и странските банки кои ја преземаа земјата, одлуките во ова гратче се носат на демократски начин по пат на неделни гласања кои се обично посетени од 300-400 луѓе.
До сега се изградени околу 350 куќи, а во наредните две години би требало таа бројка да се зголеми за уште 250.
Просечната месечна плата изнесува 12.00 евра, киријата е 15 евра, а со овие пари може да се живее пристоен живот.