„Пластична“ деструкција на природната убавина – Мег Рајан „се запусти“


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Кога го освои светот на филмската индустрија со улогите во филмовите „French Kiss”, “Kate & Leopold”, “You’ve Got Mail” и други, актерката Мег Рајан го освои светот со својата природна убавина, непосредна шармантност и романтична ведрина.

Убавата актерка потоа изненадувачки исчезна поради тоа што знаела колку Холивуд е суров кон жените во одредени години од животот, и одлучила да се подмлади. Желбата засекогаш да остане млада дефинитовно скапо ја чинела.

Мег Рајан на крајот на минатиот век беше миленичка на публиката. Симпатичната русокоса актерка секогаш знаеше како да предизвика насмевка на лицето кај публиката.

Но, по неколкуте пластични операции на лицето Мег Рајан е непрепознатлива.

„Направила премногу промени. Она веќе не изгледа како Мег рајан што ја знаеме и во која бевме вљубени“, изјави режисерот на филмот „ Kate & Leopold“, Џемјс Манголд.

Промената на лицето Мег рајан ја започна со филер за усните, но за жал убавата актерка не застана тука.