Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Поранешниот светски рекет број еден, Германецот Борис Бекер (49) сега не се бори само со финансиските проблеми, туку и со љубовниот бродолом кој му се случува. Неговата сопруга Лили (41) планира да ги предаде документите за развод, пренесуваат пријателите на парот.
Исто така, изјавиле дека таа ситуација нема врска со банкротот, туку дека тенисерот и неговата сопруга веќе извесно време имаат проблеми во бракот.
„Не сакам да го коментирам неговиот приватен живот“, рекол портпаролот, а Бекер не сакал да разговара со новинарите.
Тенисерот во бракот со Лили е од 2009 година, а заедно го имаат седумгодишниот син Амадеус Бенедикт . Пред тоа, бил во брак со дизајнерката Барбара (50) со која ги има синовите Елиас (23) и Ноах (27).
Пријатели на славниот тенисер тврдат дека неговата сопруга Лили, бивша манекенка, сериозно размислува за развод и дека во последно време се повеќе време минува во родната Германија, отколку во нивниот дом во Лондон. Нивниот брак, наводно, имал проблеми од порано, велат познаниците на Бекер. Новинарите на британскиот весник „Сан“ го затекнале Бекер пред куќата во Лондон и го прашале за разводот а тој луто им се развикал: „Рано ми е, одете си“.
И покрај очигледните брачни несогласувања, двојката била видена како излегуваат од нивната куќа во Вимблдон и со поршето заминуваат да го прослават роденденот на Лили во Сохо во Оксфордшир. Тој деновиве за да ги демантира гласините за разводот објавува разни љубовни твитови, посакувајќи и среќен роденден на сопругата, како и фотографија на која тој ужива во сонцето со Лили, нарекувајќи ја „мојата посебна дама’.