Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Пизмата, омразата, недоличните коментари и повици за ситење на несреќата која ги снајде жителите на грчка Атика на социјалните мрежи кај нас ги преминаа границите на толеранција и покажаа колку некои луѓе заборавиле на било каков етички императив кој треба да ги надминува сите и секакви политички и политикантски димензии.
Основното јавно обвинителство од Скопје, по допрен глас, оформи предмет во врска со бројните постови и коментари на социјалните мрежи, кои содржеа расистички и ксенофобични ставови во однос на катастрофалните пожари во Грција. Постовите на социјалните мрежи се насочени кон пожарите во близина на Атина кои досега однесоа 80 човечки животи.
Јавното обвинителство ќе испитува дали преку пишувањето на коментарите и написите на социјалните мрежи е извршено кривично дело за кое се гони по службена должност. Следува преземање дејства со цел обезбедување докази за предметот. Воедно, ќе се утврдува идентитетот на лицата што преку објавување написи и коментари учествувале во ширењето на говорот на омраза.
Социјалните мрежи во Македонија деновиве беа преплавени со реакции во поддршка на грчките граѓани и апели за помош. На спротивната страна имаше и многу говор на омраза и навреди. Во тоа предничеше водителот Миленко Неделковски, но и некои други корисници на Фејсбук.
Владата и Градот Скопје веќе издвоија финансиски средства за помош на настраданите во Грција.
Извор: Дојче Веле