Home Актуелно Пиво Фест 2023 нема да се одржи

Пиво Фест 2023 нема да се одржи

Изданието кое годинава требаше да биде јубилејно дваесетто по ред на познатиот прилепски фестивал на пивото, Пиво Фест 2023, кое беше предвидено за периодот од 13-16 јули, нема да се одржи.

Во официјалното соопштение од страната од фестивалот, стои дека 20-то издание на „Пиво Фест” се одлага за следната 2024 година, со нова локација и нов концепт.

„Прилепчани и пошироката јавност. Сакаме да Ве информираме дека овогодинешното јубилејно издание на ПИВО ФЕСТ Прилеп 2023 се одлага за следната 2024 год, со нова локација, концепт и содржина на програмата. Образложение; На состанокот одржан од Стопанската комора на Прилеп, Општина Прилеп и бизнис фелата донесена е одлука, ПИВО ФЕСТ Прилеп 2023, дека нема да се подржи и одржи. Додека пак советот на Општина Прилеп на седницата од 22.06. 2023 донесе одлука за доделување на локација за реализација на ПИВО ФЕСТ 2023 Прилеп. (Прашањето е за што се носи одлука за доделување на локација кога предходно Стопанската комора и бизнис секторот донеле одлука со намера да не се подржи и одржи фестивалот??)“, соопштија од организацијата.

Според нив оваа седница е доцна одржана и одлуката за доделување на локација за организација и реализација на фестивалот е предоцна донесена.

„Со оглед на навремено поднесените барања од страна на Фестивалот на 17.11. 2022 и во Април 2023 до Општината за организација и локација на ПИВО ФЕСТ 2023 сè уште нема официјално известување до Фестивалот до ден денес. Со оглед на сите овие горе наведени причини ПИВО ФЕСТ Прилеп 2023 год. спречен е да се одржи. Се извинуваме до прилепчани и пошироката јавност, се гледаме во 2024 со нова локација, нов концепт и нова програма на ПИВО ФЕСТ 2024, ВЕ ОСТАВАМЕ ВО ДОБРО ЗДРАВЈЕ. Со почит Здружение Интернационален Фестивал за пиво и скара Пиво Фест“, завршуваат од организацијата во својата објава на Фејсбук.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…