Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Археолошките истражувачи тврдат дека ја пронајдоа најстарата пиварница на светот со остатоци од пиво стари 13.000 години.
Откритието е забележано во праисториска пештера во близија на Хаифа, Израел, додека истражувачки тим проучувал една гробница од полуномадски ловци-собирачи. Денес се верува дека пивото прв пат почнало да се прави пред 5.000 години, но доколку овие научни тврдења се потврдат како точни, границата на временско потекло на пивото значително ќе се помести.
Истражувачите сметаат дека пивото е правено за да се користи во ритуални обреди во чест на мртвите.
Професорката од универзитетот Стенфорд, Ли Лиу, вели дека истражувачите се обидуваат да утврдат каква растителна храна јаделе луѓето кои живееле помеѓу палеолитското и неолитското доба, од кога се откриени траги од алкохол базиран на пченица и јачмен.
Анализираните траги се најдени во камени садови на околу 60 сантиметри закопани под површината на пештерскиот под. Садовите биле користени за чување и подготвување храна од различни видови растенија вклучително зоб, бобови (мешункасти растенија), лен и слично.
Праисториското пиво веројатно изгледало многу поразлично од денешното. Истражувачите успеаја да ре-создадат такво пиво и да го споредат со остатоците кои се пронајдени. Првото пиво се состоело од житарици за производство на слад, а потоа следело загревањето и ферментацијата со „див“ квасец. Пијалокот бил ферментиран, но веројатно бил со послаба јачина од „модерното“ пиво.