Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Жителите на областа Кванжу, лоцирана на југоистокот на Кина, сведочат дека еден питон цел час ја повраќал козата која ја голтнал, па тие морале да му помогнат со влечење за опашката и масирање на стомакот.
Козарот Јао кој тврди дека од почетокот на годинава изгубил 20 кози , ја нашол змијата како се одмора на ридот до неговата фарма.
,,Стомакот и беше надуен и без сигурен дека проголтала една од моите кози” , вели козарот. Тој веднаш повикал шумска полиција и други жители на помош. За да го натераат питонот да ја поврати козата, на жителите им требало цел час.
Питонот бил однесен во азил , за подоцна да биде пуштен во природа , зашто во Кина овие змии се под заштита на законот.