Home Шоубизнис Славни Пит и Котијар на турнеа со Allied – Бред после 20 години...

Пит и Котијар на турнеа со Allied – Бред после 20 години забрана стапна во Кина


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


По првото појавување во јавноста по објавувањето на разводот од Анџелина Џоли, холивудската ѕвезда Бред Пит продолжи со промотивните активности за најновиот филм.

Пит за прв пат зачекори на црвениот тепих за да го промовира најновиот филм, воената драма Allied, а веќе тој имаше збиена агенда. Најпрво заедно со колешката од филмот Марион Котијар присуствуваа на проекцијата во Лос Анџелес, а подоцна одржаа и Q&A сесија за медиумите.

16-11-bred-pitt3

16-11-bred-pitt6

16-11-bred-pitt5

Само ден потоа тој ја остави бремената Котијар во САД, и замина за Кина каде што присуствуваше на кинеската премиера на филмот, а исто така учествуваше во интервју со локалните медиуми каде објасни дека во дел од Allied тој зборува течно на француски јазик. Бред навистина се потрудил да го научи што е можно подобро јазикот, објасни тој додека беше гостин во Шангај.

16-11-bred-pitt1

За потсетувае, по филмот „Седум години на Тибет“ во кој Бред Пит ја игра главната улога, на холивудскиот актер му беше забранет влез во Кина цели 20 години, бидејќи на кинеската влада наводно не ѝ се допаднал описот на бруталното кинеско владеење во регионот на Хималаите.

16-11-bred-pitt2

На новинарите на прес-конференциајта им било забрането да поставуваат прашања, а водителот поставил низа прашања за романтичниот трилер чиешто дејство се одвива во Втората светска војна.

16-11-bred-pitt4

Филмот „Allied“ првпат ќе биде прикажан на 23 ноември во Кина, САД и во некои европски и азиски земји.