Пит и ДиКаприо: „Светот околу нас се менува, а ние не се вклопуваме тука“


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


„Понекогаш ќе направевме нешто, а тој ќе бараше да го повториме уште еднаш. На нашето прашање зошто, целата екипа ќе извикнеше: Затоа што сакаме да снимаме филмови“, вели славниот холивудски актер Бред Пит, кој заедно со својот колега Леонардо ДиКаприо се дадоа заедничко интервју за дневниот весник „Политика“.

ДиКаприо и Пит ги толкуваат главните улоги во деветтиот филм од Квентин Тарантино, „Once Upon A Time In Hollywood“.

Тик Далтон, кој го игра ДиКаприо, е бивша ѕвезда од една вестерн ТВ серија, и неговиот долгогодишен дублер Клиф Бат, кој го игра Пит, тргнуваат на пат со цел да го пронајдат своето место под сонцето во филмската индустрија. Во последната фаза од златната ера на Холивуд, во 1969 година, тие двајца се борат за успех во светската престолнина на седмата уметност, која веќе не можат да ја препознаат.

ДиКаприо и Пит во текот на снимањето на филмот станаа вистински пријатели, како ликовите на актерот и неговиот дублер кои ги играат, улоги кои и во реалноста често цела кариера ја правеле заедно. ДиКаприо, работејќи на филмот, вели дека Тарантино зазел таква перспектива од која двајца момци како војаери, отстрана гледаат што се случува во срцето на Холивуд.

„Светот околу нас се менува, а ние тука не се вклопуваме. Тоа е неверојатен пристап на приказна за филм“, вели тој и додава дека „Тарантино донел вистински роман“ за историјата на нивните ликови, низ кој и двајцата се обиделе да се предизвикаат себеси.

Дека постои сличност меѓу нив двајца и ликовите кои ги играат, Пит потврдува со зборовите дека за еден актер не постои начин да не стане жртва на филмското стареење. Тој истакнува дека соочувањето со сомнежот во себе и прифаќањето претставуваат перманентна борба.

На констатацијата дека тие двајца заедно одлично функционираат на големото платно, Пит вели дека тие двајца, како и самиот Тарантино, се појавуваат во исто време, така што имаат „речиси поистоветени референтни точки“.

Во разговорот за „Политика“; Пит истакна дека таа 1969 година, во која е сместено филмското дејство од најновиот филм на Квентин, била преломна, бидејќи таа година Холивуд и Америка „ја загубиле својата невиност“.

„Сонот за слободната љубов, утопијата наречена мир во цел свет, сето тоа се распрснало и завладеала голема несигурност“, објаснува Бред.