Писмо од Титаник продадено за рекордни 140.000 евра


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Писмо пронајдено кај еден од загинатите патници на бродот Титаник вчера беше продадено на аукција во Британија за 126.000 фунти (140.000 евра).

Станува збор за писмо кое патникот од првата класа на Титаник, Александар Оскар Холверсон, трговец од американската сојузна држава Минесота, го напишал до својата мајка. Тоа е едно од последните писма за кои се знае дека ја „преживеале“ несреќата.

Холверсон патувал на Титаник со неговата сопруга, Мери, која го преживела потонувањето на тогаш најголемиот брод на светот.

Писмото е напишано на хартија од стационерот на Титаник и е делумно оштетено од морската вода.

„Ако се биде како што треба, ќе стигнеме во Њујорк во среда пред пладне“, напишал Холверсон ден пред големата трагедија.

Холверсон воедно пишува дека за време на патувањето го видел бизнисменот Џон Џејкоб Астор, тогаш еден од најбогатите луѓе на светот, кој исто така загина во потонувањето на Титаник.

„И покрај милионите што ги има, изгледа како најобичен човек. Седи на палубата заедно со сите нас“, пишува во писмото на Холверсон.